ИНФОРМАЦИЈА:
Со цел подобро искористување на ревизорските извештаи од страна на новинарите при креирање на нови стории или поткрепување на постоечките со релевантни информации, како и за доближување на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) до јавноста, ЦЕА фондацијата Вестминстер и Инстутит за комуникациски студии организираат кратка работилница наменета за новинари, на која што воедно ќе бидат презентирани и резултати од извештаи на ДЗР кои се однесуваат на актуелни случувања. Оваа 2 часовна работилница намената само за новинари која ќе се оддржи на 13 декември 2017 (среда) од 10:15 – 12:30 часот во просториите на Висока школа за новинарство и односи со јавност.
Целта на работилницата е новинарите да добијат подобар увид во:
- Како новинарите можат да ги користат ревизорските извештаи како почетен извор во својата работа;
- Користење на ревизорските извештаи за обезбедување дополнителни информации за поткрепување на сторија;
- Како да се приближи содржината и заклучоците од извештаите на ДЗР до пошироката јавност
- Потреба од транспарентност во јавните финансии и работата на ДЗР
- Промоција на клучни наоди од следењето на работата на ДЗР од јули 2016 – септември 2017;
- Прашања и дискусија по селектирани извештаи на ДЗР кои се однесуваат на работата на институции и теми кои се актуелни (пр. Собрание на РМ, ДИК исл.)
На работилницата свои презентации ќе имаат: г-дин Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи (ЦЕА) и г-дин Мирче Јовановски од Институтот за комуникациски студии, долгогодишен уредник по економија.
Агендата за настанот е достапна на следниот линк