Центарот за економски анализи во партнерство со ОЗ Визија од Кавадарци а со поддршка од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од Општина Кавадарци во партнерство со Програмата за развој на обединитетите нации – УНДП се вклучија во ацијата за поддршка за справување со кризата во која се наоѓа целиот свет поради пандемијата со вирусот КОВИД-19.

Во рамките на проектот: Зголемување на вработливоста и подобрување на еконoмската состојба на жените во општеството, дел од средствата од проектот беа пренаменети за поддршка на социјално загрозените семејства во Кавадарци со цел справување со пандемијата КОВИД-19 и намалување на степенот на негативните последици.

Во координација со Општина Кавадарци, подготвена беше листа на семејства кои се социјално загрозени и им е потребна помош.
Од проектот беа поделени пакети со храна и хигиенски производи на вкупно 20 семејства на територијата на општина Кавадарци.

Во рамки на проектот, се изработија и заштитни маски за повеќенаменска употреба кои се поделени на социјално загрозените семејства а поддршка во изработката дадоа и учесничките кои ги применија своите стекнати вештини за шиење во текот на спроведувањето на низата работилници.

јгјг