ЦЕА во рамките на проектот економските активности во пограничните региони на Северна Македонија со Бугарија: запоставена димензија го објави вториот извештај за еконоските ефекти во пограничните региони Делчево, Берово и Пехчево
Кратки заклучоци од Извештајот
Во овој Втор извештај, севкупната состојба од теренското истражување укажува дека посетите од бугарските граѓани е зголемена во овој период на известување но просечната потрошувачка по посетител е намалена.
Просечната вредност на потрошувачката по услуга на месец од страна на посетителите од Бугарија во микрорегионот е околу 150 евра (во претходните период изнесувала 253 евра на месец).
Малите продавници бележат зголемен промет од бугарските посетители, споредено со изминатиот квартал, а во наредниот период најголем број од нив очекуваат прометот да остане непроменет.
Во хотелите и рестораните во сите три општини се бележи зголемен промет од бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од нив очекуваат прометот да остане ист и во следниот период.
Во зелените пазари во Делчево се бележи претежно намален промет од страна на бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од сопствениците или закупувачите на тезги на зелените пазари очекуваат зголемен промет за следниот период (во Берово се очекува истиот промет во следниот период).
Делчево добива најмногу од посетите од бугарските посетители поради близината на граничниот премин. Во Делчево во просек има 16 пати повеќе бугарски посети отколку во Берово и Пехчево.
Потрошувачката на посетителите од Бугарија во Делчево изнесува околу 5,1% од собраните локални даноци во Делчево. Во Пехчево е околу 1% и половина процент во Берово.
ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ-ЦЕА ГО СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ НАСЛОВЕН:
ЕКОНОМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПОГРАНИЧНИТЕ РЕГИОНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО БУГАРИЈА: ЗАПОСТАВЕНА ДИМЕНЗИЈА, ФИНАНСИРАН ПРЕКУ БУГАРСКАТА РАЗВОЈНА ПОМОШ.
Општа цел: Промовирање социоекономска кохезија вклучувајќи работа со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионална стабилност и меѓусебна соработка, социоекономска соработка.
Специфични цели: Градење на истражувачките капацитети на младите; мобилизирање дебата заснована на докази за економските активности во пограничниот регион Делчево, Пехчево и Берово; подигнување на свеста за потребата од подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија
Целна група: Месното население на Берово, Пехчево и Делчево; државната и општинската администрација на трите општини со што е овозможен поголем опфат на резултатите од реализираниот проект.
Повеќе информации на следниот линк: https://cea.org.mk/proekt-ekonomskite-aktivnosti-vo-pogranichnite-regioni-na-severna-makedonija-so-bugarija-zapostavena-dimenzija/