Недоволно развиениот хидролошки мониторинг на природните езера и акумулациите главно се должи на недостатокот на хидролошка мониторинг мрежа и на човечки капацитети во одговорните институции. Оттука, се доведува во прашање колку е адекватна и како се спроведува законската регулатива за управување со водните ресурси, колку се ефикасни јавните политики и дали соодветно се распределуваат јавните средства за заштита на водните ресурси.
Како до поефикасен хидролошки мониторинг и мониторинг на квалитетот на водата на езерата и акумулациите?