ЦЕА организираше јавна дискусија за фискалната транспарентност во Република Македонија, дел од проектот “Поддршка на застапувања базирани на факти за Буџетот на РМ”. Главен дел на дискусијата беше веб портал за Буџетот на РМ www.mkbudget.org, каде што буџетските ставки се презентирани на лесно разбирлив и визуелен начин, кои можат да се симнат во MS Excel формат. Порталот обезбедува лесно достапни податоци, кои што едноставно и брзо можат да се користат во анализи, студии, прилози и образованието во врска со Буџетот на РМ.