Институционалната поставеност за координација, имплементација и следење на Стратегијата на Ромите заедно со Националните акциски планови подолг период не претставува ефикасен механизам за следење на напредокот на приоритетите поради низа на причини како недостаток на внатрешен систем за следење, нејасен систем на одговорност и отчетност, меѓу ресорска координација која е немоќна во спроведување и политичка поддршка.
Националното координативно тело со истечен мандат оперативно не функционира но, и нема јасни насоки и моќ да направи промени, неговата улога на следење и давање насоки за подобрување не е исполнета.
Буџетските импликации во однос на спроведување на потпрограмите ретко ги рефлектираат потребите туку претставуваат одраз на политичка преговарачка моќ додека во услови на системски недостаток на адекватни системи за следење на успешноста (и во делот на буџетирање – performance budgeting и во имплементација performance measurement) постои потреба од воспоставување на систем за следење на степенот на имплементација на стратегијата односно на постигнувањата и исходите.
Граѓанскиот сектор не е запознаен со можноста за учество во НКТ, ниту пак со начинот на номинација и селекција на членови во истото. Членовите од институциите се главно долгогодишни членови кои исто така не се запознаени со должината на нивниот мандат и се изјаснуваат дека средбите на оваа координативно тело се во основа изнесување на состојби без можност препреките и предизвиците кои се изнесуваат да се има можност да се надминат (меѓу другото и потребата од поголемо финансирање).
Постои потреба за ревидирање на стратегијата и националните акциски планови и во суштина и во техника.
Дел од мерките во националните акциски планови во сите приоритетни области зависат од можностите на граѓанскиот сектор но, и од донаторски средства, што го прави процесот неорганизиран, тешко следлив, и креира опкружување со недостаток на одговорност.
Целосниот извештај за 2016 година е достапен на следниот линк: Извештај во сенка – Спроведувањето на Стратегијата за Роми во Р. Македонија
Целосниот извештај за 2017 година е достапен на следниот линк: Извештај во сенка – Спроведувањето на Стратегијата за Роми во Р. Македонија
Овој документ е подготвен во рамки на проектот Civil Society for Roma Integration – In the Shadow / Граѓанското општество за интеграцијата на Ромите – Во сенка, спроведуван од ЦЕА и Ромалитико. Проектот е поддржан со грант од Институт Фондација Отворено Општество во соработка со Ромски Иницијативи на Фондација Отворено Општество. Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на донаторот.