Првиот чекор кон транспарентноста е овозможување на достапноста на информациите до граѓаните. Во ера на дигитализација и отвореност и можностите кои ни ги нуди современата технологија, достапноста на документите вклучувајќи ги и буџетските информации потребно е да бидат лесно и навремено достапни со цел исполнување на правото граѓаните да ги добиваат релевантните информации.
Па така еден од најрелевантните показатели за буџетската транспарентност на општините е достапноста на буџетските документи на нивните официјални интернет веб страници како платформи кои стојат на располагање.
Со цел зголемување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај ЕЛС, како и унапредување на транспарентноста на буџетските документи на локално ниво и нивна навременост, се вршеше следење на достапноста на истите за периодот 2016-2017 година.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк