Политичката криза и аферата со прислушкувањето ја наметнаа потребата за интервенција во делот на пресретнувањето на комуникациите и работата на судството и обвинителството како дел од Итните реформски приоритети. Во таа насока донесени се измени на Законот за кривична постапка. Коалиција Сите за правично судење анализираше колку овие измени се одржливи и применливи преку процесот и извештајот од проценка на влијание на регулативата. Дел од наодите се дека во извештајот недостасуваат значајни елементи што може да се индикација на недоволно обмислени и планирани промени кои нема да го дадат посакуваниот ефект. Прочитајте ги сите наоди на: Истражување за кривично правната регулатива помеѓу пракса и теорија
Истражување за кривично правната регулатива помеѓу пракса и теорија