Истражувања на влијанијата – трошоците и придобивките – од праведната зелена транзиција кај земјите од Западен Балкан
Земјите од Западен Балкан имаат потреба од иновативни истражувања за влијанијата и трошоците поврзани со праведната зелена транзиција. Иницијативата во рамки на проектот GreenFORCE која се основа на соработка на партнерите има за цел да го продлабочи разбирањето и да ги подобри практиките преку размена на знаење и партиципативно мапирање.
Клучните области на фокус за секој од студиите на случај вклучуваат развој на концептуални рамки за зелената транзиција, мапирање на регионалните и локалните процеси, како и анализа на социо-економските влијанија од премин кон одржлива енергија, мобилност, управување со отпад и други области.
Конкретните студии на случај за земјите се:
• Albania: Net-Zero transition for Post-Communist Urban Neighborhoods (Албанија: Транзиција нето-нула емисии кај посткомунистички урбани квартови)
• Serbia: Sustainable Mobility – Transitioning Public Transportation at the Local Level (Србија: Одржлива мобилност – транзиција на јавниот транспорт на локално ниво)
• North Macedonia: Implications of Energy Sector Transition at the Regional Level (Северна Македонија: Импликации од транзицијата на енергетскиот сектор на регионално ниво)
• Montenegro: Waste Management Sector Transformation and Its Impact on Just Green Transition (Црна Гора: Трансформација на секторот за управување со отпад и влијание врз праведната зелена транзиција)
• Bosnia & Herzegovina: Assessing the Local Economic and Employment Impacts of JGT (Босна и Херцеговина: Проценка на влијанието на праведната зелена транзиција врз локалната економија и вработувања)
Овие случаи кои беа истражувани се клучни за формирање на јавните политики кои се праведни, инклузивни и прилагодени на реалноста на местото каде се случува. Сите имаат за цел да ја поддржат зелена транзиција за да донесе придобивки за сите заедници и за регионите во земјите во Западен Балкан.
ЦЕА студија на случај: Северна Македонија – Импликации од транзицијата на енергетскиот сектор на регионално ниво
Во Северна Македонија, транзицијата на енергетскиот сектор е клучен дел од пошироката рамка на праведната зелена транзиција. Ова истражување се фокусира на разбирањето на регионалните импликации од преминот кон одржлива енергија, вклучувајќи ги социо-економските влијанија.
Клучните цели вклучуваат:
• Анализа на тоа како енергетските реформи влијаат на регионалниот развој и соработка
• Идентификување на можности и предизвици за локалната заедница во процесот на транзиција
• Проценка на потенцијалните влијанија врз вработувањата, локалната економија и на енергетската сигурност
Целта е да се обезбедат практични сознанија за поддршка на инклузивна и одржлива енергетска транзиција што ќе ги земе предвид локланите карактеристики на местото каде импликациите се со најголем ефект. Преку разбирање на ваквите импликации, засегнатите страни можат подобро да ги управуваат процесите на транзиција, да ги минимизираат негативните влијанија и да ги максимизираат придобивките за заедниците.
Повеќе информации тука: North Macedonia: Implications of Energy Sector Transition at the Regional Level (Северна Македонија: Импликации од транзицијата на енергетскиот сектор на регионално ниво)