Проблемот на „фрлање храна“ е комплексен и е уште поголем предизвик во поново време кога не е веќе толку проблем производството, туку дистрибуцијата на големо, рамномерната распределба на куповната моќ и потрошувачката на храна на мало. Тоа во себе ги обединува не само аспектот на социо-економскиот развој, туку и на човечката перцепција и однесувањето кон овој проблем, вели Марјан Николов.
Не се поставува прашањето дали има бенефит од банките за храна, туку како тие да бидат поддржани од централните и локалните власти. Централните преку конкретни политики, а локалните преку знаење за потребите на граѓаните.
Властите теоретски може да влијаат на однесувањето на економските агенти преку оданочување, казнување и криминализирање на фрлање храна, поттикнувања за намалено фрлање храна или носење стандарди за фрлање храна.
Централната власт треба да се грижи за политиките. Ако политиките за ефикасно користење ресурси и за економски развој на прво место пред економски раст се приоритетни, во тој случај треба да се поддржи системот на банка со храна. Локалната власт точно може да ги лоцира џебовите на нерамномерност на распределба на куповна моќ и сиромаштија и може да служи како посредник помеѓу оние што фрлаат храна и оние што добиваат помалку калории од потребното. Централната власт во тој контекст треба да ги постави и соодветните стандарди за тоа што е храна што се фрла и како таа може да се распредели понатаму во економска смисла. Локалната власт, пак, може тесно да соработува со граѓанскиот сектор. Властите треба да бидат свесни дека ФАО има веќе емпириски истражувања, каде што се укажува на врската помеѓу потхранетоста, која е во сооднос со БДП на една земја.
Прочитајте повеќе на следниот линк.