Клиент: Општина Ѓорче Петров
Во соработка со USAID Business Environment Activity (Активност за деловно опкружување), ЦЕА изработи физибилити студија за јавно приватно партнерство (ЈПП) за општина Ѓорче Петров за тренинг центар за локален економски и рурален развој, рурален туризам и обуки за македонската туристичка и хотелска индустрија и настава во природа. Согласно Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, кој бара изработка на претходна студија за потфат, општинското раководство се обрати до Проектот за деловно опкружување на USAID (USAID/BEA) со барање поддршка во реализирање на пилот проект за користење на овој инструмент (концесии и јавно приватно партнерство – ЈПП) во финансирањето на проекти од Стратегијата за локален економски развој на општината Ѓорче Петров за периодот 2007 – 2009 година. Во рамките на реализацијата се пристапи кон пилот проект со општината Ѓорче Петров со цел да се процени можноста за примена на јавно приватно партнерство (ЈПП) на општинските проекти. Погледнете ја целата физибилити студија за овие проекти за повеќе информации.