Debatna anketa Sopiste Infografic

 

Граѓаните од општина Сопиште дадоа оцена  од 4,38 (од максимална оцена 5) за придобивките  од јавната дебата со цел соочување на нивните преференци и мислења со претставници  од општината.

Сите граѓани присутни на јавната дебата се изјаснија дека ваквата пракса за информирање и вклучување на граѓаните преку јавната дебата треба да продолжи и во иднина.

Граѓаните сметаат дека досега општината најмногу вложувала средства во инфраструктура, животна средина и одржлив развој и спорт и култура.

Граѓаните идентификуваа 3 тратешки области  на кои општината треба да се фокусира а се неопходни за унапредување на економскиот развој на општината и тоа:

  1. Инфраструктура – патишта, водовод и канализација;
  2. Развој на економија и вработување;
  3. Донесување урабнистички план.

На следните линкови можете да ги пронајдете наодите од анкетираните граѓани во општина Сопиште пред и по јавната дебата.

Преземи инфографик во PNG форма

Преземи инфографик во PDF форма

 

Проект: Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание на локалните политики во општина Сопиште финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија.