Во рамки на проектот Даночна одговорност, ЦЕА подготви анализа на фискалната транспарентност на сите општини во Северна Македонија за буџетската и даночната транспарентност.
ЦЕА Извештај за даночната транспарентност на општините во РСМ: Даночна транспарентност на општините
ЦЕА Бриф: Достапност на податоци и информации за локалните даноци
Што е даночна транспарентност?
Фискалната транспарентност во јавните финансии е главен елемент на доброто владино управување и претставува широк сеопфатен концепт. Фискалната транспарентност вклучува сеопфатност, јасност, сигурност, навременост и релевантност на финансиските извештаи за мината, сегашна и идна состојба на јавните финансии, и е од клучно значење за ефективно фискално управување и отчетност. (Кодекс на фискална транспортниот, ММФ)
Буџетската транспарентност е потесен концепт, но е дел од фискалната транспарентност кој се фокусира на буџетските извештаи и документи во рамките на буџетскиот циклус. Се потпира на три меѓусебно поврзани столбови: 1) транспарентност, 2) учество и 3) надзор.
Даночната транспарентност или достапноста на информациите поврзани со процесот на оданочување, прибирање на локалните даноци и трошење на даноците и е дел од фискалната транспарентност и отчетност на локалните самоуправи. Даночната транспарентност е процес со кој се обезбедуваат квантитативни и квалитативни податоци што му се потребни на општеството за да осигурa дека даночниот систем функционира во корист на даночната власт, Владата, законодавците, оние што ги избрале, оние што плаќаат даноци и сите други чинители на даночниот систем (Глобална иницијатива за фискална транспарентност, GIFT).
Колку општините во Северна Македонија се даночно транспарентни?
Во зависност од постоењето на документи, податоци и информации за даночниот систем вклучително и стратешки документи за даноци и управување со ризици, преку постоење на алатка или форма за поттикнување на даночната транспарентност, до објавување и достапност на информации за локалните даноци, нивното прибирање и трошење, степен на достапност на информации за даночните служби и слично, заклучуваме дека општините во Северна Македонија е неопходно да работат кон повисоко ниво на даночна транспарентност.
ЦЕА Извештај за даночната транспарентност на општините во РСМ: Даночна транспарентност на општините
ЦЕА Бриф: Достапност на податоци и информации за локалните даноци