Транспарентноста и отчетноста, како два основни принципи на доброто владеење, се клучни во обезбедувањето информации и увид на јавноста за тоа како јавните пари, т.е
нашите пари се собирани, алоцирани и потрошени . Покрај тоа, транспарентноста и отчетноста се неопходни за да се покаже решителноста и намерата на јавните институции, како и да информира и да ги споделува информациите со јавноста. Но, каде обичниот граѓанин како почетник во јавните финансии, треба за започне со пребарување?

Кои се документите кои тој или таа треба да ги побара? Но сепак, зошто да се бараат тиеинформации од некој, за тоа како неговите/нејзините пари се потрошени, кога тие секако треба да се јавно достапни? Секој, даночниот обврзник или граѓанинот генерално, треба да има можност да следи на што се потрошени неговите пари од страна на владата.

Можеби изгледа едноставно да се следи достапноста и навременоста на осум буџетски документи, но ова следење може да биде важен инструмент за нас во ЦЕА, да ја промовираме транспарентноста и отчетноста пред пошироката јавност. Поради тоа, ние во ЦЕА, се приклучивме на една глобална иницијатива, со цел имплементирање на нова алатка за следење.

На 12 септември 2014, International Budget Partnership (IBP) со седиште во САД, промовираше нова алатка за следење Open Budget Survey Tracker, која ќе обезбеди информации во реално време за достапноста на осум основни буџетски документи до граѓаните. Врз основа на меѓународните добри практики , тие осум документи мораат да бидат навремно јавно објавени.

Па, започнете со следењето на Вашите пари на следниот линк: http://www.obstracker.org/.

 OBI Index за Македонија 2015 год МК

OBI Index за Македонија 2015 год ENG

Марјан Николов,
Претседател на ЦЕА