Центар за Економски Анализи (ЦEA) – Портфолио на искуство
DOWNLOAD CEA TRACK RECORD.
Со текот на изминатите години, ЦЕА изгради портфолио од проекти кои имале влијание во различни сектори, вклучувајќи ги темите и областа на јавни финансии, управување (governance), локален и регионален развој, социјална и општествена инклузија, и економски политики. Нашата работа опфаќа истражувања, анализи на јавни политики, градење на капацитети, застапување и техничка поддршка заи пред разлилни чинители како владини институции, граѓанското општество и меѓународните партнери.
Некои од најзначајните области со спроведени проекти во нашето портфолио вклучуваат:
- Управување со јавните финансии и буџетска транспарентност: Развој на портали за буџети, континуиран мониторинг на фискална транспарентност на локално и национално ниво, следење на трошењата, анализи на одржливоста на јавниот долг, и др. а во насока за придонес кон појасни, отворени и одговорни фискални политики.
- Управување и борба против корупцијата: Спроведување оценки на механизми за борба против корупцијата, промовирање на транспарентност преку Open Budget Index и застапување за подобрување на законските и институционалните рамки.
- Регионален развој и децентрализација: Обемни истражувања и стратешки развој за локалните власти, вклучувајќи теми од фискална децентрализација, рамномерен регионален и територијален развој, локални економски стратегии и иницијативи за граѓанско учество.
- Социјална инклузија: Имплементација на програми за инклузија на Ромите, за вработување на млади како и за родова еднаквост, во насока на зајакнување на социјалната кохезија и економската моќ.
- Институционални реформи и реформи на јавните политики: Обезбедување на експертски анализи, студии за оправданост и препораки за политики за ЈПП, индустриски зони, енергетика, одржливост на животната средина и др.
- Градење капацитети и обуки: Организирање и спроведување на бројни работилници, семинари и конференции наменети за различни чинители како за носителите на политики, за граѓанските организации и за медиумите, со цел подобрување на нивните вештини во управување со јавни финансии, законодавство и подобар систем на управување.
Нашиот придонес е дополнет со соработка со меѓународни донатори, владини агенции и граѓанското општество, што доведува до квалитетни резултати кои влијаат врз политиките и промовираат одржлив развој.
Доколку сакате да го погледнете портфолиото на ЦЕА преземете го тука CEA TRACK RECORD или ако секаде да прочитате повеќе за нашите активности загледајте ја нашата веб страница: www.cea.org.mk
ЦЕА меѓународни активности