Центарот за економски анализи имаше успешна имината 2019 година, исполнета со предизвици и напори за обновување на демократските стандарди и вредности во Северна Македонија. Преку својот ангажман, ЦЕА влијаеше на подигнување на свеста за потребата од учество на јавноста, влијаеше за подобра ефикасност на јавниот сектор и работеше во насока за покомпетентно и кредибилно граѓанско општество и поконкурентно деловно опкружување.
Преку истражувањата, мониторингот и препораките за политиките што ги даваме, и во согласност со нашата мисија, ние се обврзуваме да доставиме навремени, квалитетни и релевантни анализи кои ќе бидат од социјална и економска корист и ќе поттикнат околина што носи подобро управување , транспарентност и задоволително владеење на правото.
Погледнете ја палетата на нашата работа за изминатата година во CEA Newsletter 2019.