Презентирана анализа на ЦЕА за економскиот раст во РМ
Некои од заклучоците се следнитe:
- Во РМ развиеноста на економијата е сведена на ниво на мерење на БДП каде што се губи смислата за реален приказ на развиеноста на една економија бидејќи честопати БДП се смета како цел но во суштина БДП претставува само монито- ринг индикатор.
2. За време на глобалната финансиска и економска криза, македонската економија доживеа подобри резултати од сите земји во регионот освен Албанија и Косово. Во годините од 2013 до 2015 година, стапката на раст на БДП на РМ бележи раст во континуитет и во 2015 година изнесува 3,67% меѓутоа далеку од највисоката вредност во разгледуваниот период каде што истата изнесувала речиси двојно повеќе или 6,47% во 2007 година.
3. Иако БДП по глава на жител во Македонија се зголемува после 2000 та година, сепак тој во 2015 година е за 15 пати понизок од БДП по глава на жител за ЕУ 28 и споредено со 2000 та година јазот е зголемен за 5 пати.
4. Доколку просечната стапка на раст на Македонија се зголеми од 3,19% на 7%, на Македонија би и биле потребни цели 30 години за да го достигне нивото на БДП по глава на жител на ЕУ.
5. Кога ќе се постигне нивото на БДП, по кое БДП расте, а ИЕОБ опаѓа, тогаш бла- госостојбата на граѓаните не може да се реши само со економски раст, туку со решавање проблеми во нееднаквоста, сиромаштијата и заштитата на животната околина во најмала рака.
6. Македонија се наоѓа на 82 место од вкупно 188 земји од светот согласно Индек- сот на Човеков Развој. Иако Македонија се категоризира во земјите кои имаат висок ИЧР, сепак таа заостанува во однос на земјите од регионот поточно од Југоисточна Европа и Западен Балкан.
Целосната анализа е достапна на следниот линк:
Презентација Бранимир Јовановќ – Министерство за финансии