Подготвениот краток извештај за носители на јавни политики од ЦЕА, АСИМЕТРИЧНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА:ОПЦИИ ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во рамки на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите беше презентиран на 15 јуни 2022 година, Проектот на USAID North Macedonia за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ја организираше првата “Експертска тркалезна маса: Асиметрична децентрализација на надлежностите на локалната самоуправа во Република Северна Македонија”.

Целиот извештај на МК: АСИМЕТРИЧНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА: КРАТОК ИЗВЕШТАЈ ЗА НОСИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ

The Policy brief in ENG: ASYMMETRIC DECENTRALIZATION: POLICY BRIEF FOR POLICYMAKERS

> Во РСМ постои диспаритет во однос на капацитетот на ЕЛС по повеќе аспекти: фискален капацитет, човечки ресурси и знаење, квалитет на испорака на услуги, итн. Предизвиците се особено изразени во руралните и понеразвиените ЕЛС каде што капацитетите се ограничени и бројот на вработените во администрацијата е недоволен. Ова е делумно резултат на пренесените надлежности кои бараат ресурси, а се симетрични за сите ЕЛС, без оглед на предусловите и нивниот потенцијал за обезбедување на квалитет и обем на услугите до граѓаните согласно пренесените надлежности.

> Овој документ нуди опции за асиметрична административна децентрализација, кои пак опции се навремени, потребни и барани од страна на Министерството за локална самоуправа (МЛС) бидејќи ВРСМ размислува за проширување на пренесените надлежности на ЕЛС па овој документ ќе им помогне на МЛС и на ВРСМ за можните опции при дизајнирањето на асиметрична децентрализација.

> Асиметријата може да биде на територијалната организација и/или при пренесените надлежности за ЕЛС. Со оглед на тоа што асиметричната децентрализација може да понуди опции и за територијалната поставеност и за пренесените надлежности, овој документ ги разгледува опциите за асиметрична децентрализација што се однесуваат само на пренесените надлежности. Затоа, само нормативно ја илустрираме територијалната поставеност на ЕЛС додека опциите за асиметрично доделување/пренесување на надлежности во РСМ се претставени подетално.