Резултати и наоди од Анкетата за отворен буџет 2025 (OBS): Северна Македонија бележи стагнација во транспарентноста
Скопје, 2026 – Новите наоди од Анкетата за отворен буџет 2025 (Open Budget Survey – OBS), спроведена од Меѓународното буџетско партнерство (IBP) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА), укажуваат на мешани резултати за Северна Македонија. Додека кај законодавниот надзор се забележува благо подобрување, буџетската транспарентност и учеството на јавноста остануваат под регионалниот просек.
Клучни показатели за 2025 година:
![]() |
![]() |
Главни заклучоци од извештајот
- Стагнација во транспарентноста
Иако има благ раст од 35 на 39 поени, долгорочниот тренд од 2012 година до денес укажува на генерална стагнација. Северна Македонија сѐ уште заостанува зад регионалниот просек (52 поени). Главни пречки се:
- Не подготвување на Полугодишен извештај за извршување на буџетот.
- Доцнење со објавувањето на Фискалната стратегија.
- Отсуство на Граѓански буџет, што ја отежнува достапноста на информациите за обичниот граѓанин.
- Подобрен надзор, но потребна е поголема контрола
Оценката за парламентарен надзор се зголеми на 53 поени, што ги отсликува подобрувањата во процесот на буџетирање. Државниот завод за ревизија (ДЗР) го задржува стабилниот и висок резултат од 67 поени, што укажува на континуиран институционален капацитет за контрола на буџетот.
- Ограничено учество на јавноста
Со 9 поени, Северна Македонија нуди многу малку можности за граѓаните директно да влијаат врз буџетскиот процес. Иако има мал напредок во вклучувањето на забелешки од јавноста при планирањето на надзорот, механизмите за дијалог во фазата на подготовка и извршување на буџетот се минимални.
Препораки за подобрување
За да се зајакне буџетската отчетност, извештајот за Северна Македонија ги препорачува следните чекори:
- Навременост: Навремено објавување на Фискалната стратегија.
- Нови документи: Подготовка на Полугодишен извештај и Граѓански буџет.
- Сеопфатност: Подобрување на известувањето за фискалните ризици, јавниот долг и повеќегодишните проекции.
- Инклузивност: Воведување механизми за вклучување на граѓаните во собраниските расправи и во процесот на подготовка на буџетот.
Погледнете го целосниот извештај за Северна Македонија:
🔗IBP weblink – Country Results: North Macedonia 2025
🔗 ENG – Country Results Report OBS North Macedonia 2025
🔗 MK – Извештај за резултатите и наодите OBS 2025 Северна Македонија
🔗 МК – Соопштение за Јавноста: Резултатите и наодите OBS 2025 Северна Македонија
#OBS2025 #БуџетскаТранспарентност #ЦЕА #ФискалнаОтчетност #СевернаМакедонија #IBP #OpenBudgetSurvey















