Центарот за економски анализи ЦЕА и Федерацијата на фармери на Република Македонија, го спроведуваат проектот “Создавање на можности за младите од руралните средини“, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија.

Проектот има за цел да го олесни вклучувањето на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот регион во Македонија (СИ регион). Оваа заедничка цел ќе се постигне преку: 1) зголемување на вештини и разбирање на вработеноста на младите од руралните средини, 2) изградба на регионален систем за развој на работна сила, и 3) развивање на регионална стратегија за социјално вклучување на пазарот на трудот на целните групи.

Во рамки на проектот беше направено истражување за пазарот на труд во Североисточниот регион во Македонија.  Целосното истражување може да го видите на линкот подолу.

АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД