Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје во соработка со Центар за економски анализи – ЦЕА, подготвија: Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија
Клучни наоди и заклучоци
- Производството од ОИЕ во РСМ е на релативно задоволително ниво и инструментот на повластена тарифа е успешен во смисла на мотивирање на инвестирање во ОИЕ за производство на електрична енергија.
- Сепак, споредено со другите земји од ЕУ, ОИЕ за производство на електрична енергија во РСМ претежно се базираат на МХЕ.
- Ова може да биде индикатор дека повластените тарифи во РСМ не ги зема во предвид релативно повисоките инвестициски трошоци за ветерните и соларните електрани споредено со МХЕ по единица инсталиран капацитет. Овие повластени тарифи во РСМ делуваат само на стабилизирање на идни приходи на операторите на МХЕ, а не и на диверзификација на технологијата на производство на електрична енергија од разни технологии.
- Повластените тарифи без соодветно утврден плафон за МХЕ може да влијае на цените на електрична енергија во РСМ со што е регресивен инструмент за потрошувачите со пониска куповна моќ.
- Повластените тарифи без соодветно утврден плафон за МХЕ може да влијаат кон повисоки трошоци од таквите политики доколку нема соодветно утврден плафон за МХЕ во РСМ.
- Повластените тарифи не обезбедуваат пазарни сигнали за ценовна конкуренција.
- Според тоа, за разлика од домашното законодавство кое сè уште предвидува повластена тарифа како мерка за поддршка на производството на електрична енергија од МХЕ, ЕУ легислативата обезбедува транзиција од повластените тарифи кон доделување на премии.
- Оттука, може да се заклучи дека не е извршено целосно усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата со која се уредува државната помош за производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
- Со самиот факт што 121 МХЕ оперираат со инсталиран капацитет од околу 115 MW, a 173 ФЕЦ се со моќност од околу 30 MW укажува дека моделот на повластени тарифи, во кој недостасува плафон за МХЕ, обезбедил раст на капацитетите за производство на МХЕ.
- Од друга страна пак над 91% од ОИЕ во РСМ се базира хидроенергијата што укажува дека системот на повластени тарифи веќе постигнува зрелост за МХЕ, не овозможува диверзификација на изворите и може да има влијание за одржување на небалансиран развој на ФЕЦ и ВЦ за сметка на МХЕ.
- Во ЕУ, почнувајќи од 2009 година, се забележува одржување на константно ниво на количината на енергија произведена од хидро извори, додека производството од другите ОИЕ се зголемува. Оттука, учеството на електричната енергија произведена од хидроенергетски извори во ЕУ со учество од 61% во 2009г. се намалува на учество од 36% во 2018г. за сметка на зголемено производство од останатите ОИЕ.
- Конечно, во 2020 година во РСМ, просечно е исплатено за електричната енергија произведена од повластените производители на МХЕ по 81 EUR/MWh што е повисоко од просечната цена за електрична енергија без даноци и давачки за РСМ која за 2020 била 68 EUR/MWh (16% повисока од просечната цена за електрична енергија без даноци и давачки за РСМ за таа година).
- Оттука, се наметнува мислењето дека МХЕ со системот на повластени тарифи ја достигнале својата зрелост, и нивното задржување во режимот на тарифи, во Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија во режим на премии е всушност фаворизирање на овој регулиран пазар на МХЕ на сметка на ФЕЦ и ВЦ и другите ОИЕ.
Препораки
- РСМ треба да транзитира од повластени тарифи кон премии како инструменти за поддршка на производство на електрична енергија од МХЕ.
- Уште повеќе бидејќи премиите се покомпатибилни со пазарна либерализација отколку повластените тарифи, а имајќи во предвид амбициите на државата за натамошна либерализација на пазарот на електрична енергија како и за отворање на целосен простор за ценовна конкуренција на пазарот на електрична енергија.
- Во таа насока, МХЕ треба да се префрлат во член 11 од Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија
Целата студија е достапна на: Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија