Центарот за економски анализи ЦЕА и Федерацијата на фармери на Република Македонија, го спроведуваат проектот “Создавање на можности за младите од руралните средини“, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија

Со проектот се поддржува социјално вклучување на младите од руралните средини преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за подобро користење на програми и ресурси за вработување, со што ќе се придонесе за економскиот и социјалниот развој на општините во североисточниот регион во Македонија. Придобивките од проектот се од особено значење за младите од руралните средини и за бизнисите во целниот регион.

Во рамки на проектот е спроведенa АНАЛИЗА И ПРЕГЛЕД НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА  СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Целосната публикација може да ја видите ТУКА