ПРОЕКТ: Коалиција за буџетски мониторинг, мониторинг на буџетскиот процес на ЕЛС во РМ

Финансиран од CSF EU IPA (Период на имплементација 3/2014-09/2015)

Краток опис на проектот:

Центарoт за екoнпoмски анализи, вo партнерствo сo Фoрум ЦСРД, идентификуваа пoтребата за пoдoбрување на транспарентноста на буџетскиот процес меѓу ЕЛС како важно прашање на кое треба да се работи. Целта на зголемена транспарентност на процесот на општинскиот буџет во Македонија е да се охрабрат граѓаните да земат поактивна улпга во приоритизација на локалните јавни расходи и покрај вклученоста на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки. Активностите на проектот се поддржани од од Програмата на ЕК за граѓанското општество – ИПА.

Во насока на подобрување на капацитетите на локалните граѓански организации, посебна методологија за мониторинг беше развиена која се базира на меѓународите искуства а адаптирани на локалниот контекст.

 

ПРИРАЧНИК ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

Во рамки на активностите беа избрани суб-грантисти, партнери во редовнотот следење и барање на инфрмации и објасување од ЕЛС за процесот на носење ана локланите буџети, начините за трошење на граѓанските средства со цел и креирање на потреба и притсок за поголема транспертност и отчетност на ЕЛС за носењето на одлуките и начините на трошење на граќансите средства.

Локалните организации беа обучени да ги подобрат своите знаења за буџетскиот процес и законската рамка за финансирање на локална самоуправа. Сите локални организации заедно со ЦЕА и ФОРУМ и станаа дел од неформалната група Коалицијата за буџетски мониторинг.

Резултатите од мониторингот се јавно презентирани на 17 јавни презентации, низ целата земја.

Дел од презентациите на перидоичните наоди:

Презентација 1, Презентација 2, Презентација 3, Презентација 4, Презентација 5

Објавена е студија: “Транспарентноста на бучетскиот процес кај општините во Македонија” која е е достапна на официјалната страна на проектот kbm.mk и на веб страната на ЦЕА cea.org.mk

Коалицијата за буџетски мониторинг (27.08.2015) одржа конференција на тема “Транспарентност на буџетскиот процес на единиците на локална самоуправа – Мониторинг, перцепции, предизвици и научени лекции”  на која беа презентирани активностите и резултатите од проектот.

Транспарентност на буџетскиот процес кај општините во Македонија – Весна Гарванлиева Андонова, ЦЕА Скопје

Транспарентност на буџетскиот процес во локалните самоуправи во Македонија – Беким Имери, Светска Банка Македонија

Транспретност: затоа што граѓаните се важни – Соња Стефановска –Трајаноска, УНДП Скопје

            Инфографик 1

               Инфографик 2