Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на Фармите на РМ (ФФРМ) во рамките на проектот Создавање на можности за младите невработени од рурални средини, финансиран од ЕУ, ИПА ЧР објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

До работодавачите од Североисточниот регион за вклучување во активноста

Практиканство за младите од руралните средини

Сите правни лица заинтересирани да им овозможат на младите лица на возраст од 20 – 39 години од општините во Североисточен плански регион (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане) да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти за период од најмногу 3 месеци се повикуваат да земат учество во проектот преку испраќање на Барање (Апликација) до проектот.

Детали за условите, критериумите и можностите за вклучување на практиканти, како и потребните формулари за пријавување, можете да најдете на следните линкови:

  1. Оглас за работодавачи за ангажирање практиканти
  2. Формулар за пријавување и опис на работните задачи на практикантот