Во оваа брошура презентирани се поединечни приказни на само неколку успешни Роми претприемачи. Некои од нив успешно учествувале во програмата за самовработување и ги користеле мерките и успеале да создадат успешен бизнис.
Овие успешни приказни претставуваат мотив и инспирација и на останатите невработени лица и потенцијални претприемачи кои имаат идеја, за остварување на своите бизнис идеи и да започнат свој бизнис.
Само-вработувањето е успешно решение за невработеноста за значаен број на луѓе во земјата и нивниот успех, создава дополнителни можности за вработување на други лица кои се невработени, вклучувајќи ги и оние од најранливите групи во општеството.

Целосната публикација со успешните приказни е достапна ОВДЕ

pic2 pic3
Сите фотографии во оваа брошура беа дадени на користење со љубезна дозвола на претприемачите.
Посебна благодарност за поддршката во имплементирањето на проектот до организациите Рома СОС – Прилеп, Баирска Светлина – Битола, Дром – Куманово, НВО Кхам –Делчево, Преродба – Кичево, Светла Иднина – Кочани, Кхам – Куманово.

Оваа публикација е овозможена со поддршка на Open Society Foundation – Будимпешта во рамките на проектот Политики за претприемништво во Македонија за надминување на “другоста” кај Ромите, имплементирана од Центарот за економски анализи – ЦЕА и Иницијатива за развој и социјална инклузија – ИРИЗ.
Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не секогаш ги одразуваа мислењата на Open Society Foundation – Будимпешта