Прашањето дали смее да се оди на избори без главен ревизор во ДЗР нема смисла бидејќи тие две работи се неспоиви една со друга и само укажува на контрадикторноста доведена од неодржливоста на процедуралната демократија која партиско-племенскиот естаблишмент го практикува во Македонија.
Подолго време во Македонија не се почитува општествениот договор кој е исцртан во Уставот на државата. Имено, подолго време живееме во процедурална демократија во која се почитува административната форма на исполнување на институциите на извршната, законодавната и судската власт со избрани, именувани и назначени лица, со вработена администрација која треба да работи нешто но, одлуките за иднината на граѓаните на Македонија се носат на друго ниво на партиско-племенска заедница основа. Оваа динамика се одвива подолг временски период и таа динамика на општествено делување е неодржлива и води до ситуација на вулгаризирање на цели системи кои служат за регулирање и корекција на користењето на јавните ресурси, за регулирање и корекција на пазарни механизми, за регулирање и корекција на давање на услуги на граѓаните. Во овие сфери изместени се лостовите на носење на одлуки според закони и се вулгаризирани и бајпасирани со одлуки кои се носат на неформални средби на партиско-племенскиот естаблишмент.
Оттука, прашањето дали смее да се оди на избори без главен ревизор во ДЗР нема смисла бидејќи тие две работи се неспоиви една со друга и само укажува на контрадикторноста доведена од неодржливоста на процедуралната демократија која партиско-племенскиот естаблишмент го практикува во Македонија. Имено, ДЗР треба да е независна институција, а бидејќи партиско-племенскиот естаблишмент ги има заробено сите институции и носи одлуки во точки на одлучување на неформално ниво надвор од Уставот, тоа им дава простор за комоција да не избираат главен ревизор, бидејќи е познато дека никој нема да сноси одговорност. Со тоа става под знак на прашање и потребата од постоење на ДЗР кога никој не одговара на високо ниво ниту по закон, ниту по морална, ниту по политичка одговорност по досегашните наоди од ДЗР.
Затоа, да се ставаат изборите во контекст на избор на главен ревизор е само дополнителен шум кој не ја адресира суштината на проблемот, туку додава зачини во фолклорот кој оди на задоволство на
медиумските апетити на партиско-племенскиот естаблишмент за нивно меѓусебно препукување, а во суштина не им е баш гајле за тоа дали ДЗР има главен ревизор или не. Во начинот на нивното владеење тоа и нема некое посебно суштинско значење за граѓаните и за тоа како се трошат ресурсите на државата. Така, имајќи го ова во предвид сметам дека и прашањето за уставна категорија на ДЗР е депласирано, наивно, дава вредност само во фолклорна смисла но не и во суштинска смисла бидејќи не
ја адресира суштината на проблемот.
Марјан Николов
Целосното интервју може да го најдете на следниот линк.