Весна Гарванлиева Андонова, Постар Економист на ЦЕА учествуваше на Европската недела на региони и градови што се одржа во Брисел. Весна учествуваше во панелот Територијалното управување како можност за развој на Западен Балкан. Како одговор на презентираните севкупни предизвици на Западен Балкан од страна на TG-WeB, се презентираа и дел од предизвиците во Северна Македонија поврзани со децениската политика за рамномерен регионален развој како и предизвиците со фискалната децентрализација.

Во делот за Северна Македонија, таа истакна дека разликите меѓу Скопскиот плански регион и останатите региони во однос на социјална, економска, демографска, просторна кохезија во изминатата деценија не покажува знаци на конвергенција.

„Неуспехот во спроведувањето на законот е очигледен, бидејќи годишните средства од 1% од БДП што треба да бидат издвоени за програмата а се предвидени со закон, изнесуваат во просек само 0,03% на годишно ниво (тоа значи 33 пати помалку секоја година во однос на она што го предвидува законот). Неефективноста преку индикатор како што е БДП по глава на жител, покажува огромен јаз помеѓу Скопскиот плански регион и другите седум региони и нема знаци на затворање на јазот. Стратешките цели и влијанието што се очекуваше за социјална, економска, демографска, просторна кохезија не ги даде посакуваните резултати“.

Повеќе информации за сесијата: Territorial governance as development chance for the Western Balkans

Став: TG-WeB Postion Paper on Territorial Governance for Western Balkans

—–