На 16.12.2020 година во рамки на редовните предавања по предметот Даночно право на Правниот факултет во Скопје по магистерски студии по финансии и финансиско право, се одржа трибина на тема “Даноците на имот и профил на даночниот обврзник: Даночниот морал во РС Македонија” чија цел беше запознавање на студентите со теоретските аспекти и индикатори за даночен морал и култура, искуства од регионот и лекции за македонските власти.
Оваа трибина беше збогатена со дискусијата на г-ѓа Весна Гарванлиева Андонова од Центарот за економски анализи ЦЕА, која ги презентираше резултатите од социјален експеримент спроведен во рамки на поширок проект “За даночна одговорност – кон граѓанска одговорност и одговорни даноци”.
 
Студентите добија можност за интерактивност и покажаа одлична подготвеност за размена на мислења, ставови и идеи.
 
====