Работилница за плетење и креирање продукти од волна
Организација на жени ОЗ Визија од Кавадарци и Центарот за економски анализи од Скопје, во рамки на проектот организираат серија на работилници наменети за невработените жени од Кавадарци со цел учење и подобрување на практични вештини за шиење, плетење и изработување на кошници.
Работилницата беше со времетраење од 15 дена во Кавадарци и дополнително продолжена за 5 дена поради интересот на учесничките.
Овој проект е финансиран од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од Општина Кавадарци во партнерство со Програмата за развој на обединитетите нации – УНДП.