Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана со регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година. Главната мисија на ЦЕА е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции. Веруваме дека капацитетот на членовите на ЦЕА за квантитативна анализа и професионална работа резултира во професионална институција која ќе ја зајакне дебатата за јавни политики и ќе создаде економска средина за раст и развој на македонската економија.
Целите на ЦЕА се следниве:
- Обезбедување на квалитетна анализа на политики
- Поддржување на изводлива економска политика во Македонија
- Помагање во развoјот на средина која донесува повисоко ниво на инвестиции, забрзан развој и раст во македонската економија, како и членство во ЕУ
- Достигнување финансиска одржливост
- Поттикнување на регионална соработка и поддршка на Балканот
- Зајакнување на граѓанското општество, општествениот капитал и доверба
ЦЕА веќе има соработувано со Владата, обезбедувајќи поддршка во важни проекти како фискална децентрализација, економска анализа и помош во пополнување на ЕУ прашалникот. Придонесуваме на јавно-приватниот дијалог преку изработка на студии за изводливост на јавно приватно партнерство, документација за тендер и ЈПП договори. Покрај опширната работа во Македонија, ЦЕА има работено и на регионално и глобално ниво.
Од своето основање, ЦЕА бележи многу успешни проекти во своето работење. Повеќе информации за изработените проекти и истражувања можете да најдете на следниов линк.
Оваа страница е наменета за промоција на идеите на ЦЕА, нејзината мисија и за добивање на повратни коментари и сугестии од Ваша страна. Исто така, на следниве страници може да најдете основни информации за изработените проекти и студии од ЦЕА.
Со почит,
Марјан Николов
Претседател на ЦЕА