Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот. Предизвиците кои се идентификуваат се разгледуваат низ елементите на данокот на имот и тоа предизвици во утврдување на даночната база и процена на вредноста на имотот како и управувањето со системот (техничко- административни).
Истовремено, оваа анализа дава краток преглед на динамиката на јавните финансии на локално ниво во Република Северна Македонија во изминатата деценија преку даночните приходи.
Овој документ произлезе како потреба во текот на спроведувањето на проектот за даночна одговорност, од страна на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Во текот на спроведување на проектот беа детектирани недостатоци и пречки со кои се соочува локалната администрација во поглед на поефикасно водење на системот на локални даноци, и сметаме дека е потребно да се забележат со цел да се иницираат активности за нивно решавање.
Целосната студија е достапна на следниот линк.
Англиска верзија на следен линк