Иако постои добра законска регулатива во законот за буџетите и законот за финансирање на ЕЛС сепак, тие не се почитуваат до крај, а и централната власт дополнително го поттикнува популизмот и клиентелизмот на локалната власт како и неетичкото однесување на избраните и именуваните функционери на локално ниво во ЕЛС и во комуналните претпријатија формирани од ЕЛС преку откуп на долговите на ЕЛС и комуналните претпријатија формирани од ЕЛС и преку непочитување на фискалните правила кои самата централната власт ги има донесено.
Сакајќи да укажеме на сериозноста на ситуацијата со јавните финансии на локално ниво, кое ниво на владеење е најблизу до граѓаните, според утврдена методологија го измеривме ИНДЕКСот за рано предупредување за клиентелизмот и популизмот на ниво на ЕЛС за 2022 година.
Прочитајте повеќе на следниот линк:
ИНДЕКС за рано предупредување за клиентелизам и популизам на ниво на ЕЛС 2022