Клиент: USAID Проект за деловно опкружување

Во овој извештај се изложени основните заклучоци од истражувањето што го спроведе Институтот за демократија, солидарност и граѓанско општество (ИДСГО) – партнер на ЦЕА во овој проект. Прашалникот го изработија ЦЕА, ИДСГО и Проектот на УСАИД за деловно опкружување (БЕА), а истражувањето го спроведе ИДСГО. Студијата е изработена врз заклучоци коишто се чувствителни и бараат итна акција од страна на Владата на Република Македонија (РМ). Предлагаме ажурирање на ова истражување на ниво на сектори во македонската економија еднаш пред и еднаш откако ќе биде спроведена сеопфатна обука на управителите и финансиските работници во приватните друштва. Владата на РМ мора да преземе иницијатива во овие активности, со поддршка на донаторската заедница, и секако со учество на јавната администрација. Резултатите од ова истражување укажуваат на декада и половина неефикасно спроведување на основите на пазарната економија во Македонија, како и дека тие сè уште не се спроведуваат бидејќи надлежните институции, почнувајќи од образованието па се до државната администрација, не ја исполнуваат во целост својата мисија. Погледнете ги и презентациите од оваа студија, во Powerpoint и текстуален формат.

Студија