Претставник од Центарот за економски анализи учествуваше во Geneva Cities Hub, Geneva Urban Debate, коорганизирана од UN Habitat, во партнерство со UNDRR, The World Bank and UNECEF (одржана на 28 јуни 2021 година): Post-Covid Economic & Financial Recovery: What about the City?
Градовите се во основата на процесот на закрепнување како одговор на кризата „Ковид“. Учењето од нивното искуство е можност да работат кон издржлива и одржлива урбана иднина. Учесниците дискутираа за:
Кои се клучните карактеристики што им овозможуваат на градовите да бидат издржливи?
Какви лекции може да се извлечат од искуствата на локалните водачи кои се на првата линија за време на пандемијата?
Како меѓународната заедница може да им помогне на градовите да закрепнат подобро?
Локалните власти ги споделија своите искуства и иницијативи за да одговорат на оваа долготрајна криза.
Видете повеќе: Post-Covid Economic & Financial Recovery: What about the City?