Еродирањето на фискалната транспарентност и дискреционите политики може да доведат до неочекувано зголемување на долгот и неповолни финансиски и економски последици, како што беше случајот со РСМ во изминатата деценија. Пандемијата со „Ковид-19“ од 2020 година предизвика дополнително оптоварување на јавниот долг поради потребата за финансирање на негативните влијанија од шокот, заедно со финансирањето на пакетите за економско олеснување и помош.
- Јавниот долг е на неодржлив пат, со буџетски дефицити кои го зголемуваат долгот со темпо кое го надминува економскиот раст
- Примарното салдо за стабилизирање на јавен долг (public debt stabilizing primary balance) е проектирано на негативни 0,5%
- Фискалните политики продолжуваат кон зголемувањето на односот на јавниот долг и БДП во среднорочните планови без значителни политики за консолидација
- Индикативниот праг на јавниот долг и БДП од 50% е значително надминат
Целосниот бриф: Галопирачки раст на македонскиот јавен долг: Има ли надеж за одржливост?