Барање за доставување на понуди за краткорочна експертиза за: Развивање на регионална стратегија и акциски план за општествено вклучување на младите невработени од СИПР преку пазарот на трудот Референтен број: 13.4-C/2016
1. ВОВЕД
Центарот за економски анализи во соработка со Федерацијата на фармери на Република Македонија го спроведуваат проектот ” Создавање на можности за младите од руралните средини ” (РЕФ.12/9139/1), финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија, преку корисниците Министерството за финансии во Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Проектот има за цел да го олесни вклучувањето на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот регион во Македонија (СИ регион). Оваа заедничка цел ќе се постигне преку:
1) зголемување на вештини и разбирање на вработеноста на
младите од руралните средини, 2) изградба на регионален систем за развој на работна сила, и 3) развивање на регионална стратегија за социјално вклучување на пазарот на трудот на целните групи.
Со проектот се поддржува социјално вклучување на младите од руралните средини преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за подобро користење на програми и ресурси за вработување, со што ќе се придонесе за економскиот и социјалниот развој на општините во североисточниот регион во Македонија. Придобивките од проектот се од особено значење за младите од руралните средини и за бизнисите во целниот
регион.
За да се постигнат целите на проектот, ЦЕА и ФФРМ ќе изготват регионална стратегија и акциски план за социјално вклучување на младите невработени и нивно вклучување на пазарот на трудот.
2. Предмет на набавка
Развивање на регионална стратегија и акциски план за социјално вклучување на младите невработени и нивно вклучување на пазарот на трудот.
Вид на договорот за набавка: услуги
Место на испорака на услугите: Р. Македонија, точната локација дополнително ќе биде утврдена.
Период на извршување: јануари 2017 – март 2017