Погледнете го извештајот од меѓународната конференција на Светската банка во Брисел на англиски јазик. Членот на ЦЕА тимот, Христијан Ристески, учествуваше на оваа конференција насловена „Сиромаштија и социјална инклузија во Западниот Балкан“ со студијата „Ефектот на глобалната економска криза врз ранливите групи во Република Македонија“. Целите на оваа конференција се претставување на политиките и истражувањата за сиромаштија во Западниот Балкан, како и промовирање на соработка и дискусија помеѓу истражувачи и креатори на политики. Во целост се достапни и презентацијата и самата студија.
Учество на ЦЕА на конференција за Западниот Балкан организирана од Светската банка