На седмата емисија на Отворено за „Состојбата со јавните финансии во Македонија“ дискутираа:
• Колку Македонија должи и дали е тоа долг што може да се контролира?
• Дали приватниот сектор може да го издржи товарот на јавниот сектор? Се заканува ли колапс на пензиските фондови?
• Какви се ефектите од актуелната политичка криза на инвестициите? Колку нè чинат странските инвестиции?
Со граѓаните дискутираа:
Трајко Славевски, Професор на Економскиот факултет во Скопје, поранешен министер за финансии и поранешен министер за развој;
Ванчо Узунов, Професор на Правниот факултет во Скопје, подпретседател на СДСМ;
Борче Треновски, Доцент на Економскиот факултет во Скопје, член на Центарот за Економски Анализи;
Шенај Хаџимустафа, доцент на Економскиот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.