Центар за економски анализи (ЦЕА) го спроведува проектот за следење на политиките за заштита на конкуренцијата и контрола на државна помош. Проектот има за цел да придонесе кон зголемено ниво на спроведување на регулативата за заштита на конкуренција и контрола на помош (тема на преговарачко Поглавје 8), унапредена транспарентност и зголемена свесност за важноста на овие политики преку набљудување и застапување. Овој проект има за цел да придонесе кон идентификувањето на пречките за ефективно и ефикасно спроведување на контрола државна помош и заштита на конкуренцијата, да работи на зајакнување на следењето на овие политики и да се зголеми јавната свест за важноста и улогата на политиката на заштита на конкуренцијата.
Активностите на проектот се очекува да дадат ефективен придонес во спроведувањето, контролата и следење на политиката за конкуренција и политиката за државна како и зголемување на пошироката јавна свест за важноста и статусот на политиките опфатени со поглавјето 8.
Проектот финансиски е поддржан од Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, преку програмата за поддршка на ГОи и медиуми за ЕУ интеграција, и е планирано да трае дванаесет месеци во текот на 2020 година.