Претседателот на ЦЕА, Марјан Николов, ја имаше честа да учествува во онлајн обуката за јавно приватни партнерства организирана од страна на Институтот за јавно приватни партнерства – IP3 во декември 2007 година. Можете да го погледнете извештајот од оваа обука на англиски јазик, во кој се разработени проблемите, прашањата и студиите на случај кои беа поставени во текот на обуката. Како дел од обуката, учесниците подготвија план за остварување на одреден реален проект. Претставникот од ЦЕА го изработи акциониот план „Пристап за сите – истражување на можноста за ЈПП во ЈСП во Скопје“, во кој се истражува најдоброто решение за подобрување на јавниот сообраќај во градот Скопје.