Центарот за економски анализи  заедно со уште 89 организации од граѓанскиот сектор, ја поддржаа иницијативата да се запре избрзаното воспоставување на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор.

Здружените организации побараа од Владата:

·         Да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор;

·         Да направи измени и дополнувања на донесената Одлука за формирање на Советот; и

·         Да отвори консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, во кој различните мислења и ставови за Советот ќе бидат земени предвид и усогласени согласно споредбените искуства и практики.

Целта на оваа заедничка изјава, е повторно да се афирмираат заложбите на граѓанските организации во контекст на донесената одлука за формирање на Совет, но и да се информира Владата дека долупотпишаните организации, нема да учествуваат во процесот на избор на членови на Советот од редот на граѓанските организации

Причините за оваа одлука се следни:

·         Процесот на подготовка и усвојување на Одлуката не беше пропратен со соодветни и ефективни консултации со чинителите од граѓанското општество.

·         Во Советот е предвидено мнозинство на државни претставници, наспроти претставници на граѓанските организации што е спротивно на добрите меѓународни практики.

·         Предложеното ниво на државни службеници не е во согласност со добрите меѓународни практики каде членовите во ваквите тела имаат раководни позиции и одлучувачки надлежности кои ќе обезбедат спроведување на предлозите на Советот

·         Предвидената постапка и начинот на спроведување на изборот на членовите на Советот од редот на граѓанските организации, со куси рокови, непрецизирани технички детали и без механизам за надгледување на процесот од страна на самите граѓански организации, го доведуваат во прашање фер изборот на членовите на Советот.

·         Постојното општествено-политичко опкружување е изразено неповолно за формирање тело со ваков карактер и значење и предлагаме негово воспоставување во политички стабилна ситуација..

Целосната изјава може да ја видите тука