Центарот за економски анализи во согласност со изјавата на ЕВН Македонија на десетгодишнината од работењетто која се однесува на инвестирани 300 милиони евра во модернизација, развој и реконструкција на постојаната и изградба на нова дистрибутивна мрежа,поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер за добивање на подетеални информации за инвестициите. Барањто е поднесено на 05.10.2016 и на ден пред истекот на законскиот рок е добиен одговор. Линкот од генералниот одговор може да го видите овде. Сметаме дека одговорот од ЕВН е генерички, синтетички и не ги дава во соодветна аналитичка форма инвестициите во основни средства со кои ЕВН врши регуларна енергетска дејност за да може граѓаните на Македонија да добијат повеќе информации за тоа за што конкретно се направени инвестициите за кои зборува ЕВН во нивните реклами.