Откако во јавноста излегоа информации за фрапантните суми што пратениците и дел од членовите на Државната изборна комисија ги земаат по основ на надомест за патни трошоци за користење сопствено возило, неколку невладини организации побараа од Државниот завод за ревизија да изврши контрола во работењето на овие две институции.
Центарот за економски анализи, „Транспаренси интернешнел“, Институтот за европска политика – ЕПИ, Институтот за демократија, како и Фондацијата „Отворено општество“ упатија официјално барање до Државниот завод за ревизија за контрола за оправданоста на овие трошоци.
Од страна на Државниот завод за ревизија добиен е и официјален одговор на упатеното Барање за пристап до информации од јавен карактер во кој се вели следното:
“Со Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2016 година утврден е обемот на извршување на работите на државната ревизија. Согласно погоре наведената програма во тек е ревизија на финансиските извештаи на Собранието на Република Македонија за 2015 година, заедно со ревизија на усогласеност и Државната изборна комисија не е вклучена во Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2016 година и Вашето барање ќе го имаме предвид при изготвување на идните програмски активности.”
Целосниот одговор може да го видите на следниот линк