Центарот за економски анализи (ЦЕА)  во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС)во периодот јануари 2017 – декември 2019г. ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во земјата, преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“ чиј буџет изнесува 332.099 ЕУР и е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од 298.889 ЕУР.

Проектот „ПВР во сенка“, ќе придонесе за унапредување на доброто владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР. Целта на проектот е да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку вмрежување, инклузивни консултации и обуки.

Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси.

Целосниот повик е достапен на следниот линк:

Отворен повик за вклучување во мрежата

Формуларот за аплицирање е достапен на следниот линк:

Апликациска форма: Мрежа за подобра легислатива