Центарот за Економски Анализи – ЦЕА заедно со ЦККО Светла Иднина, ЗРРЗ Сумнал и АДРР Сонце, го спроведуваат проектот “Вработување на млади Роми” финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за Развој на човечки ресурси.

Една од идентификуваните пречки за вклучување на пазарот на труд кај младите Роми е и недостатокот на практично искуство па, оттаму предвидена е поддршка на лица за стекнување на практично искуство во рамки на организациите кои го спроведуваат проектот во Тетово, Кочани, Битола и Скопје.

По објавениот повик избрана е и првата група на осум практиканти кои од 15.06.2017 го започнаа двомесечното практично учење. Можноста за пракса е и понатаму отворена се до завршување на проектот.

Целосното соопштение е достапно на следниот линк