Се формираше „Мрежа за подобра легислатива“ составена од десет граѓански организации кои ќе го следат процесот на проценка на влијание од регулативата кога ќе се носат или менуваат законите. Членките на мрежата во рамки на проектот „ПВР во сенка“ кој го спроведуваат Институтот за демократија – ИДСЦС и Центарот за економски анализи – ЦЕА  ќе анализираат и како во минатото се спроведуваше оваа постапка која треба да обезбеди носење на добри и долготрајни закони засновани на докази, истражувања и широко учество на сите засегнати групи.

 8

Членки на Мрежата се следните организации:

 

Во рамки на проектот „ПВР во сенка“ ќе се анализира како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики. Проектот со буџет од ЕУР 332.099 е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од ЕУР 298.889, чии активности ќе се имплементираат во период од јануари 2017 – декември 2019г.

 

Ивана Најдоска од ИДСЦС на првата проектна конференција се осврна на еден од клучните аспекти од проектот, а тоа е вклучувањето на граѓанските организации и на јавноста во процесот на ПВР при создавањето на законите. „Во делот на вклучувањето на граѓанските организации, тоа ќе биде преку „Мрежата за подобра легислатива“, но ќе воспоставиме соработка и со други организации кои работат на ова поле. Со проектот предвидени се целни обуки за организациите во насока на ПВР, за застапување и истражување. Ќе имаме работни групи кои ќе работат на конкретни закони и во зависност од планот кој ќе го донесе Владата ќе одбереме закони кои ќе бидат интересни и на кои како граѓански организации ќе спроведеме ПВР, а истото ќе го правиме и на веќе донесени закони кои содржат ПВР“ изјави Најдоска.

7 (2)

Марјан Николов од ЦЕА ја сумираше основната потреба од овој процес за државата и општеството. „Тоа е како да обезбедиме ефикасност и ефективност на алокација на ресурсите. Под ресурси не мислам само на пари. Проценката на влијание од регулативата е всушност процес кој овозможува таков систем кој би требало да обезбеди ефикасност и ефективност на алокација на јавни ресурси. Со овој проект би ја поддржале Владата и министерствата во овој сосема едноставен процес бидејќи ПВР е процес на систематичност во работата на една Влада со целата администрација за да се постигнат некои цели во најмал временски период со најмали трошоци со цел да се придонесе кон благостостојбата на граѓаните“ посочи Николов.

 

Гордана Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација – МИОА наведе дека е добро што по неколкумесечна пауза ПВР процесот повторно се враќа на јавната агенда. „ПВР треба да обезбеди носење на одлуки врз основа на докази, истражувања и факти. Треба да се носи квалитетна регулатива која нема да често да се менува поради воочени недостатоци, а токму ПВР е процесот кој треба да го овозможи тоа“ рече Димитровска.

4

На конференцијата претставниците на ИДСЦС, ЦЕА и државните службеници задолжени за спроведување на ПВР во институциите се осврнаа на целите и активностите кои ќе се преземат во тригодишниот период на спроведување на проектот, но и на досегашното искуство од спроведувањето на ПВР во земјата.

 

Финални корисници на проектот се граѓаните. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси. Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија,

Контакти за „ПВР во сенка“: 072/584/559  02/30 70 822/Факс: 02/ 30 94 760

Web: www.idscs.org.mk Email: contact@idscs.org.mk