Во пресрет на расправата за донесување на буџетот за 2018 година, ЦЕА ги анализираше промените во буџетските средства, бројот на вработени и аутпут индикаторите во споредба со претходната година. На следниот инфографик претставени се податоците за 10-те најголеми буџетски корисници кои завземаат 25% од вкупните расходи на буџетот. Според предлог буџетот за 2018 година, Министерството за здравство ќе добие 17% повеќе средства од претходната година, во Владата на Р.М. ќе се троши 31% повеќе, додека Министерството за образование и наука како и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој нема да добијат зголемување на буџетските средства.
budgetski sredstva