ДЗР во рамките на својата дефинирана мисија има за цел обезбедување на објективни и навремени информации до надлежните државни органи и јавноста за наодите од извршените ревизии, како и преку јасни и ефективни препораки до корисниците на јавните фондови да придонесе за севкупно подобрување на управувањето со јавните финансии.
Во Анализата даваме оценка на законодавните и регулаторни одредби поврзани со работата на Државниот завод за ревизија на Република Македонија. Каква е незаависноста, самостојноста, регулацијата на делување на ДЗР по основано сомневање за сторен прекршок или кривично дело.
Повеќе ( Целосната анализа на мекедонски) може да ја видите овде
Целосната анализа на албански е достапна на следниот линк.
Освртот на изнесени констатации од публикацијата од страна на ДЗР е достапен на следниот линк
Подготовката на oвој материјал беше овозможена со поддршка од Британска амбасада Скопје, во рамките на проектот “Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.