Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на Фармите на РМ (ФФРМ) во рамки на проектот Создавање на можности за младите невработени од рурални средини, финансиран од ЕУ, ИПА ЧР објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

До млади невработени од Североисточен плански регион за

Практиканство за младите од руралните средини

Сите заинтересирани младите лица на возраст од 20 – 39 години од општините во Североисточен плански регион (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане) кои се заинтересирани  да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти за период од најмногу 3 месеци се повикуваат да земат учество во проектот преку испраќање на Барање (Апликација) до проектот.

Младите од Североисточнит регион со фокус на руралните средини можат на еден од двата начина да ја извршуваат ппрактикантската работa: 1) Преку практиканство во Работен клуб во Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка,  или 2) Преку практиканство во некоја од компаниите кои работат во Севериоисточнит регион.

Детали за условите, критериумите и можностите за практикантска работа, како и готовите формулари за пријавување, можете да најдете на следните линкови:

  1. Оглас за практиканти во Работен клуб
  2. Пријава за практиканти во Работен клуб
  3. Оглас за практиканти во компанија
  4. Пријава за практиканти во компанија