Клиент: Вестминстер фондација за демократија

Вестминстер фондацијата за демократија, Државниот завод за ревизија на Обединетото Кралство и ЦЕА, влегоа во партнерство подржано од Британската Амбасада во Скопје, за изработка и локализирање на наставен план и програма за обука на стручните служби во Собранието на Република Македонија. ЦЕА изработи прирачник за обуката. Прирачникот е на тема „Финансиски надзор на стручните служби во Собранието на Република Македонија“ и е организиран во два главни дела. Во првиот дел се прикажани насловите на 19 наставни единици од кои се состои обуката, целите и соодветни корисни текстови. Во вториот дел во анекс се приложени дел од вежбите кои ќе бидат разработени во текот на обуката. Целта на прирачникот не е исцрпна презентација на основните теоретски и практични аспекти на темите кои се обработуваат во наставните единици туку да побуди интерес кај учесниците на обуката за натамошна надградба во контролата на јавните финансии и примена на стекнатите знаења и вештини во нивната секојдневна работа. Овој прирачник е само еден наставен инструмент од една целина која опфаќа и пет дневна обука преку обработка на студии на случаи, панели и презентации како и практикум кој ќе доведе до зголемени вештини и знаења за јавните финансии на стручните служби. Погледнете ја и програмата од обуката за повеќе информации.